71- годишнина од борба во село Пелинце


Денеска во село Пелинце, беше одбележана 71 – годишнина од борбата во село Пелинце и загинување на Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи. Пред споменикот на паднатите борци, свежо цвеќе положија секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, претставници од АРМ, делегација од Градинката „Ангел Шајче„ политички партии и жители на село Пелинце.