Објава


Врз основа на член 50 од Законот за Локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 51 од Статутот на Општина Куманово (Службен гласник на Општина Куманово бр.13/03 и 13/07) , Одлуката за прифаќање на проектот обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективно домување во Општина Куманово бр.09-5525/9 од 27.05.2015 годинана Советот на Општина Куманово и Правилникот за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Куманово бр. 09-6387/7 од 01.07.2015 година.

ОПШТИНА КУМАНОВО-ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува

  ЈАВЕН ПОВИК БР. 01_/2015

За пријавување на заинтересирани заедници на сопственци на станови од подрачјето на Општина Куманово за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетска ефикасност во колективно домување во Општина Куманово

  •     Предмет на јавниот повик
    • Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Куманово за реконструкција на станбените згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување.
    • Реконструкција на станбените згради се однесува на зградата како целина, преку поставување на термоизолациони фасади и обновување на кровните констриукции и покривачи на станбените згради.
  • Право на учество на јавниот повик имаат:

сите заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради на територијата на Општина Куманово

– сопствениците на становите кои имаат регистрирано заедница на сопственици или имаат управител на станбената зграда во склад со Законот за домување.

-станарите кои обезбедиле согласност за учество во проектот од минимум 51% од вкупниот број на станари што живеат во таа зграда, односно станбени згради во кои што 51% од станарите сопственици на посебните делови се согласни да учествуваат во проектот и

-сите заинтересирани заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради на територијата на Општина Куманово кои ги прифаќаат условите на заемот на  ХАБИТАТ Македонија со рок од 10 години за враќање на средствата со 1% каматна стапка, освен 20% кои се субвенционирани од Општина Куманово.

3.  Критериуми за утврдување на ред на првенство

  3.1. При рангирање на колективните станбени згради кои ги исполнуваат претходно наведените услови ќе се користат следниве критериуми:

-местоположба( централно градско подрачје)

-висина на процентот на согласни станари за замена на прозори и балконски врати( или веќе заменети)

-година на старост на објектот односно амортизираност на кровниот покривач и фасадата на станебениот објект.

  • Начин на поднесување на пријава
    • Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради, поднесуваат пријава на пропишан образец, кој можат да го подигнат во Архивата на Општина Куманово.
    • Потребна документација која што апликантот треба да ја достави до Комисијата:

-Пријава – образац со потпишан од претседател на заедницата на станари или овластениот управител

-Имотен лист или решение од Министерство за финансии- имотно правно одделение за приватизација на земјиште под зграда

-Согласност за прифаќање на условите од повикот заверена на нотар (за секој станар посебно),

-Согласност за учество во проектот потпишана од станарите сопственици на најмалку 51% од површината на станбениот простор.

– Доказа за старост на зградата( копија од одобрение за градба или копија од Договор за користеење или купопродажба на стан и сл)

    • Пријавите кои не ги исполнуваат условите на јавниот повик нема да бидат разгледани од          страна на Комисијата
  • Спроведување на постапка
    • Постаката по однос на јавниот повик ќе ја спроведе Комисија формиран од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, која ќе ги разгледа пристигнтите пријави и врз основа на критериумите и целокупната документаија, ќе донесе соодветна одлука.
    • За приложената документација, одлуката и ако е потребно за увид на лице место, Комисијата составува Записник и го доставува до Градоначалникот на Општина Куманово и ХАБИТАТ
  • Начин и рок за доставување на пријавите и објавување на резултатите.
    • Пријавите можат да се достават во рок од 20( дваесет) дена од денот на објавување на јавниот оглас.
    • Комисијата има обврска во рок од 10(десет) дена, по завршување на пријавувањето на јавниот повик да ги објави резултатите на интернет страната на Општина Куманово.

                                                                                       Општина Куманово

                                                                                      Претседател на Комисија

                                                                                                  Горан Митевски 

                                                                                                                       ___________________