9то место за велосипедистот Андреј Петровски


Велосипедистот Андреј Петровски, член на велосипедскиот клуб Вело-М од Куманово, како учесник на селекција на Р. Македонија на Олимпијадата за млади спортисти до 18 години која се одржа во Нанјинг, Кина во дисциплина Хронометар во конкуренција со 35 држави, успеа да го освои 9 (деветото) место што претставува забележителен резултат и успесно претставување на Р. Македонија и Општина Куманово. Нашиот велосипедист Андреј очекуваме да постигне завиден успех и во претстојанта дисциплина Друмско возење, која ќе се оддржи на ден 20.08.2014 година.