Академија за лидерство на општинска администрација во Созопол


Од во 04-08 овој месец во Созопол, Бугарија се одржа третиот воедно и последен модул од Академија за Лидерство на општинската администрација. На овој настан учествуваа градоначалниците од општините во земјава, како и Секретарот на општина Куманово и тројца претставници на администацијата.

Настанот е организиран од старана на невладината организација БалкаНет во соработка со Национална асоцијација на општинските службеници од Бугарија.  Академија на лидерство е концепирана од страна на Советот на Европа за градоначалниците и раководните лица во локалните администрација.

Целта е зголемување на лидерските капацитети на раководните лица во општините, со што ќе се   креира поефектна ,постабилна и поспособна институција која ќе биде сервис на граѓаните. Втората  цел е обезбеденување на поквалитетни услуги, кој ќе овозможат  побрз развој на општините.

На сите учесници им беа доделени сертификати за лидери , а проектото е под финансиска подршка на германската фондација (Хајн Забел),која има финансирано неколку проекти во земјава.