Александар Арсиќ

Александар Арсиќ


 

Кратка биографија:

Александар Арсиќ е роден во Куманово 19.08.1973 година. Основно училиште завршува во ОУ Браќа Миладиновци, а средно училиште во гимназија Гоце Делцев, биотехничка струка. Дипломира на Земјоделски факултет, општ смер во 1997 година, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и се стекнува со титула Дипломиран Земјоделски инженер.

Во 1997 година е вработен како Професор по земјоделска група на предмети, со положен стручен испит во ССОУ Киро Бурназ во Куманово. Покрај редовните обврски учествува во многубројни проекти и семинари во Пхаре-Вет програмата.

Активен е и како член на Здружение на Агроекономисти на Македонија и на Здфружение на Земјоделски производители.  Член е на Советот на Општина Куманово од 2009 година од редовите на СДСМ.