Амбасадорот на САД, Пол Волерс во посета на Општина Куманово


Амбасадорот на САД во Македонија,  Пол Волерс се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски.Волерс присуствуваше и на отворањето на реновираната работилница за практична настава во ДСТУ „Наце Буѓони“, која што е  финансирана од Соединетите Американски Држави.

Посебно задоволство ми претставува сто денеска сум во Куманово. Мислам дека Куманово е одличен пример за мултиетнички град – изјави Пол Волерс.

Овој заедничкиот проект се состои од интегрирано мултиетничко образование, кое што е многу значаен сегмент за демократијата, поддршка и развојот на Република Макеоднија, а пред се за создавање граѓански концепт на толеранција и соживот.

Градоначалмикот истакна дека покрај оваа, станало збор и за идни – развојни планови на локалната самоуправа, пред се децентрализација и регионализација во Република Македонија. Дамјановски  изрази задоволство од посетата на американскиот амбасадор и  ја искористи можноста на сите граѓани на САД и на амбасадорот да им го честита Денот на благодарноста.