Амбасадорот на Република Словачка во посета на Општина Куманово


Во официјална посета на Општина Куманово, денес присуствуваше новоименуваниот Амбасадор на Република Словачка, Мартин Безак. На средбата што се одржа во кабинетот на градоначалникот Дамјановски, се разгледуваа можностите за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Словачка, поттикнати од блискоста и заедничките карактеристики на народите на двете земји.