Ација на Јавно претпријатие „Водовод„


Поради реализација на проектот на Министерство за животна средина и просторно планирање „Подготовка на проектна документација за подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води во Куманово„( EuropeAid/132633/C/SER/multi ) ќе  се  врши инспекција со видео камера на постоечка состојба на канализацијата во градот.За таа цел од 12.12.2014 до 29.12.2014 год. стручна екипи ќе вршат снимање со видео камера на канализација на повеќе улици во Куманово. За време на снимањето по одредени улици  ќе има делумно отежнат сообраќај,но ќе бидат превземени сите потребни безбедносни мерки како не би дошло до несакани последици.