„Бдеење на кокински мугри“

„Бдеење на кокински мугри“


На 31 јули 2011 година (недела), во рамките на Програмата од Кумановското Културно Лето 2011, ќе се одржи манифестацијата „Бдеење на кокински мугри“, под покровителство на Советот и Градоначалникот на Општина Куманово а во организација на Фондација за култура и спорт „Куманово” и НУ Музеј – Куманово.Програмата ќе трае од 06.00 до 07.00 часот со обредно културно – уметничко чествување на изгрејсонцето што подразбира: поетско читање од Друштво на писатели – Куманово, со гости од поетски друштва од Македонија, Србија и Бугарија; Монолог на Тихомир Стојановски – „Молитва кон сонцето“, придружуван од зурли и тапани од КУД „Панче Пешев“; музичка точка во изведба на професор Бајса под наслов „Музика до космосот“ и изработка на автентичните садови пронајдени во Кокино, кои ќе ги изработува уметникот Душко Мишевски на самото место.

За сите заинтересирани е обезбеден организиран превоз, кој тргнува од пред хотел Кристал – Куманово во 4.45 часот ( со претходно пријавување на тел. 031/ 438–616 до 29.07.2011 година – петок), а може и индивидуален превоз. Сите посетители треба да бидат на локацијата најдоцна до 06.00 часот.