Бесплатен автобуски превоз за стечајците

Бесплатен автобуски превоз за стечајците


Од први јануари, стотина стечајци ќе се возат бесплатно, еден ден во неделата. Оваа е првичен договор на градоначалникот Зоран Дамјановски со сопствениците на автобуските компании во градот. Според него можно е да се договорат и за два дена во неделата – понеделник и четврток. На овој начин општината сака да им помогне на луѓе кои се наоѓаат во многу тешка социјална положба, рече градоначалникот на средбата со стечајците.Уште една новина во Новата година – Со социјалната програма Општината ќе преземе обврска да ги плаќа и сметките за вода и за ѓубре во висина од 800 денари месечно на најзагрозените семејства.