Биографија


DSC_0686.jpg

Максим Димитриевски е роден на 29 нoември 1975 година во Куманово. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово„. Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија„.
Има долгогодишно работно искуство како приватен сопанственик

Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност.
На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово.