Бизнис соработка меѓу Куманово и Ќустендил

Бизнис соработка меѓу Куманово и Ќустендил


Во Куманово се одржа прекуграничен економски форум на кои учествуваа бизнисмени од Бугарија и од градот. Клучните проблеми за кои разговараа двете страни беа подобрa инфраструктура и поедноставување на административните постапки во опоштините.Според нив дел од инфраструктурата треба да се обнови за да може протокот на стоки, на капитал и движење на луѓето да оди побрзо. Потребно е и поедноставување на документацијата од локалната власт и на централно ниво, што ќе значи полесно да се решаваат работите за да не се губи време.