Честитка од градоначалникот по повод Велигден


Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, на сите православни верници им го честитам највозвишениот христијански празник – Велигден, со желба за душевен мир, благосостојба и хармонија во Нивните семејства. Овој празник не потсетува на потребата за задржувањето на нашите општествени вредности, како меѓуверски дијалог, промоција на мултикултурната и мултиконфесионална соработка, кои треба да останат наш приоритет.Радувајќи се на животот, љубовта, трпението и милосрдието се радуваме на делата кои ги правиме. Сите заедно да продолжиме со делата, да го следиме патот на светлината и добрината, работејќи на уште поголем просперитет на нашата општина.