Честитка за Рамазан Бајрам од Градоначалникот Зоран Дамјановски


На сите граѓани од Исламска Вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир,  радост и успех во животот. Посакувам овој голем празник да го зацврсти заемното почитување и соработката помеѓу сите граѓани без разлика на верската или етничката припадност. Ви посакувам година на љубов, разбирање и многу нови успеси  во прилог на придобивките за целата локална заедница.