Четириесет и четвртата седница на Советот на Општината Куманово


Дневен ред

Усвојување на записниците од Четириесет и втората и Четириесет и третата седница на Советот на Општина Куманово

Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за период од 01.07.2015 – 30.09.2015 година;
Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Април – Јуни 2015 година;
Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2015 година;
Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2015 година;
Информација за состојбите во училишен спорт во Општина Куманово;
Информација за запишување на училишни обврзници во прво одделение во задолжителното основно образование во Општина Куманово во учебната 2015/2016 година;
Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2016 година;
Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2016 -та година;
Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2016 – та година;
Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2016 година;
Предлог – План на програми за развој на Општината Куманово за 2016 година;
Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2016 година;
Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2016 година
Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;
Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;
Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот „Адаптација и санација на Занатски дом во јавен објект наменет за надградба на капацитетите на главните двигатели на економскиот развој во регионот;
Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Трета МУБ”, дел од Урбан блок 49, Плански опфат меѓу ул. “Драган Стопаревиќ”, ул. “Васил Драгомански” и ул. “Стојан Арсов” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Долно Којнаре”, дел од Урбан блок 4 и 5, плански опфат меѓу државен пат А1 Скопје-Белград, државен пат А2 Скопје-Крива Паланка, крак 1 на ул. “Никола Тесла”, крак 5 на ул. “Никола Тесла”, крак 2 и 3 на ул. “Никола Тесла”, ул. “Никола Тесла” и крак 4 на ул. “Никола Тесла” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Х.Т.Карпош”, дел од Урбан блок 64-в, плански опфат меѓу ул. “Вера Циривири-Трена”, ул. “Х. Т. Карпош”, ул. “Београдска” и ул. “1-ви Мај” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од Урбан блок 61, плански опфат меѓу ул. “1”, ул. “Киро Антевски”, ул. “Перо Илиевски” и крак на ул. “Перо Илиевски” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 453/3, м.в. Река, КО Доброшане-вон г.р. – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2172/2 и 2158, м.в. Долна Река, КО Шупли Камен – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2479, м.в. Село, КО Клечевце – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3343, м.в. Говедарски Пат, КО Куманово – Општина Куманово;
Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Управниот одбор на Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово и именување на нов член на Управниот одбор;
Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2015 година