Четириесет и петтата седница на Советот на Општината Куманово


Утре со почеток во 10.00 часот ќе се одржи четириесет и петтата седница на Советот на Општината Куманово.

Дневен ред

Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2016 година;

Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;

Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2016 година;

Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2016 година;

Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2016 година;

Годишна Програма за 2016 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

Предлог – Одлука за давање согласност за реализација на проектот „Градба на локален патен правец с. Четирце – с. Никуљане;

Предлог – Одлука за давање на користење на возило на Јавното претпријатие ,,Чистота и зеленило“ – Куманово;

Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско – Осоговска Епархија;

Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Исламска верска заедница на Република Македонија – Скопје, Муфтиство Куманово;

Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Панче Пешев”,  Урбан блок 42, плански опфат меѓу ул. “Питу Гули”, ул.”29-ти Ноември”,  ул. “Димитар Влахов”  и  ул. “Пере Тошев”   –Општина Куманово;

Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Х.Т.Карпош”,  дел од Урбан блок 64-и и 64-з, плански опфат меѓу ул. “Гоце Делчев” , бул. “Трета МУБ”, ул. “Пролетерски Бригади”, крак на ул. .”Х.Т.Карпош”, ул.”Карл Маркс”, ул. “Борко Танев” , ул. “Вардарска” и ул. “Трст”   – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од Урбан блок 62, плански опфат меѓу ул. “Тоде Мендол”, ул.”Браќа Филиповиќ”, граница на наменска зона  и ул. “Вук Караџиќ” – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП  ЗП зелени површини во Г4 стоваришта за дел од УЕ 2  дел од УБ 86 за дел од КП 9603 – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3735, м.в. Велешки Пат, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1011, м.в. Шмрк, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4103, м.в. Зелен Рид, КО Куманово – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 413, м.в. Коњарски Пат, КО Режановце – Општина Куманово;

Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2015 година