Дамјановски им го честита Курбан Бајрам на граѓаните со исламска вероисповест.


Од името на  Општинската администрација и од свое лично име на сите граѓани од исламската  вероисповед  им го честитам празникот Курбан Бајрам. Им посакувам добро здравје, мир, радост и многу успеси. Куманово е град на различности и мултиетнички град. Ние покажавме како со меѓусебно почитување, разбирање и толеранција се создава добар соживот.