Делегација од Куманово во збратимена Кампина


Претставници од Советот на Град Куманово,  од граѓанските здруженија, културно-уметнички друштва и медиуми, синоќа пристигнаа во Кампина, Романија, каде се оддржуваат средби на  збратимени градови од Романија, Полска, Латвиа и Македонија. Проектот  „Активно учество на граѓаните во Европска Унија“ во рамките на програмата „Европа за граѓаните“ е финансиран од европските фондови. Освен Кампина и Куманово, на средбите задоа учество и претставници од Општина Гмина Ноњосолна од Полска и Општина Резенке од Латвиа а денеска тие остварија средба со Градоначалникот на Општина Кампина, Хориа Лаурентиу Тисеану. На приемот присуствуваше  и специјалниот гостин од Европскиот Парламент – Лаурентиу Ребека кој подоцна  беше вклучен во дебатата за европските вредности. Градоначалникот Лаурентиу Тисеану првин ја претстави Кампина, како најубав град во овој планински дел на централна Романија а потоа го истакна значењето на проектот кој според него ќе отвори нови можности за натамошна културна и бизнис соработка.

-Овој проект е од голема важност, околу 200 учесници ќе бидат вклучени во размена на искуства од своите држави, ќе зборуваат за културолошките вредности, традицијата, менталитетот на луѓето. Затоа и значењето на проектот е поголемо со самото тоа што учествуваат претставници од различни националности и етникуми. – рече Градоначалникот на Кампина.

За Кампина и Куманово овој проект ќе биде од голема корист и поради тоа што нуди можност за искористување на европските фондови а истиот ќе претставува и темел за натамошна реализација на други вакви проекти.- рече Градоначалникот Лаурентиу Тисеану и се надева дека во иднина ќе продолжи соработката преку проекти, особено од сферата на економијата, што ќе даде еден нов белег на односите помеѓу двата збратимени градови кои ги поврзуваат многу нешта.

-Нашите народи имаат многу заеднички работи и вредности.  Менталитетот нѝ е сличен, храната исто така, како и начинот на живот, па слободно и со право ќе речам дека сме два братски народи. Јас искрено се надевам дека оваа наша врска ќе се оддржи во долг континуитет.- истакна Градоначалникот на Кампина.

До крајот на денот, делегацијата ќе го посети градот Кампина, а веќе утре пред сите посетители ќе биде претставено Куманово со сите најважни информации за градот  како и неговата културна  мапа на знаменитости