Демографија


По прашањето за демографијата во Куманово и Кумановско, може даа се констатира дека демографската структура на населението е значаен показател на динамиката за развој на популацијата, односно важен елемент за развиток на одделни предели. Природно-географските одлики овозможиле кумановскиот крај да биде населен уште во предисториско време, за жто сведочат повеќе наоѓалишта од тој период. Доаѓањето на Словените во VI век на Балканот и во овие краишта, дадоа основен белег на составот на населението, а пак навлегувањето на турците во XIV век и нивното петвековно задржување, имало свој одраз на структурата на населението. Посебно во делот на исламизација на христијанското население, односно населување на испразнетите македонски простори со исламско население од други поднебја. Оттука и повеќеслојниот етнички колорит во кумановскиот крај, кој главно се формира кон крајот на XIX век. По сочуваните пописи на населението од 1900 година во Куманово и кумановско се регистрираат: македонци, срби, албанци, турци, роми, татари, черкези, грци, евреи… по Српско-турските војни од 1876/78 година во Куманово доселуваат околу 3000 дојденци од српските простори, т.н. Муаџири, што имало силно влијание врз етничката структура на населението во градот, односно неговиот севкупен растежи развој. Расположливата статистичка евиденција овозможува поконкретно следење на населението во кумановскиот крај од 1900 година до денес.

Општина Куманово според новата територијална поделба од август 2004 година, е најголема општина во Република Македонија со 103.205 жители. Структурата на населението во Општина Куманово е хетерогена и тоа не само во градот, туку и во поголемиот дел на селските средини каде живее население од повеќе националности и етнички групи, разновидна  образовна, старосна и полова структура, со различни обичаи, вероисповед и навики, разновидни занимања и други карактеристики.