Денови на мед

Денови на мед


На градскиот плоштад денеска започнаа Денови на медот. Манифестацијата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски .Оваа манифестација ќе ја поддржуваме и во иднина се со цел да го подобриме економскиот развој и да направиме благодет, подем и развој на Куманово и на Североисточен плански регион. Оваа година поради сушата, претпоставувам, не беше многу успешна, но Ви посакувам наредната година да имате повеќе резултати – изјави градонацалникот. На тринаесетиот саем по ред учествуваа десет производители на мед,прополис, матичен млеч, полен и восок, од повеќе градови. Саемот ќе заврши во сабота.