Дератизација на територија на Општина Куманово


На ден 04.04.2015г ќе се врши дератизација против глувци на територија на Општина Куманово. Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае во наредните два дена.