Детски ликовен камп „Асном„ – 2014


Во организација на Фондација на спорт и култура, денеска во комплексот Етно Село беа промовирани ликовните творби од Детскиот ликовен камп „АСНОМ„ – 2014. На ликовниот камп кој траеше три дена учествуваа учениците од основните училишта во градот, а за прв пат твореа и децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби „Порака Наша„.Настанот го затвори градоначалникот Зоран Дамјановски кој им додели благодарници за учесниците. Пред присутните свој настап имаа децата од детскиот градски хор.