Девети Кумановски маскенбал ,,Батко Ѓорѓија 2012''

Девети Кумановски маскенбал ,,Батко Ѓорѓија 2012''


И оваа година традиционално под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово по девети пат на градскиот плоштад ќе се одржи Кумановски маскенбал Батко Ѓорѓија 2012, на ден 5ти Мај со почеток во 11,00 часот. Оваа година учество на маскенбалот ќе земат сите детски градинки, основни и средни училишта, здруженија на граѓани, невладини организации, културно уметнички друштва и други поединци и групи граѓани на општина Куманово, но и дел од маските од струмичкиот карневал, кои ревијално ќе ги прикажат своите маски. Пријавени се околу 3000 маски кои нема да останат само на градскиот плоштад, туку ќе направат една прошетка низ улиците на градот, покажувајќи ги своите маски. А за најдобрите маски ќе има и награди за поединечни и групни маски. Исто така за присутните гости, посетители, покрај забавните маски ќе биде организирана и богата културно уметничка програма.