Дезинсекција и дератизација на територија на општина Куманово


Известување за дезинсекција (третирање против крлежи )во Општина Куманово

 

На ден 23.06.2014г (понеделник), зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите,а со цел спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман.

 

Известување за дератизација на територија на Општина Куманово (кеј)

 

Ве известуваме дека од  23.06.2014 (понеделник) ќе се врши дератизација против глувци.Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на реката Кумановска и на кејот, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Дератизацијата ќе трае во наредните неколку дена.