Дваесет и осмата седница на Советот на Општината Куманово


Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи седницата на Совет на Општина Куманово. На дневен ред се следниве точки:

 

  • Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2014 година;
  • Усвојување на записникот од Дваесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово
  • Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2015 година;
  • Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2015 година;
  • Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2015 година.