Дваесет и трета седница на Совет на Општина Куманово


Седницата ќе се одржи на 01 јули 2014 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.

 

Дневен ред

 

  • Усвојување на записниците од Вонредната седница и од Дваесет и првата и Дваесет и втората седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Информација за состојбата со водоснабдувањето во Општина Куманово;
  2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на минимална цена за рекламирање на простор од водна кула при Филтер станица на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово;
  3. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за период Јануари – Март 2014 година;
  4. Информација за запишување на ученици во I годинана средните училишта во Општина Куманово во учебната 2014/2015 година;
  5. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачје на Општина Куманово во 2014 година;
  6. Предлог – Програма за културни манифестации во Општина Куманово за второ полугодие од 2014 година;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп на дел од објектот на ССОУ ‘‘Киро Бурназ‘‘ – Куманово;
  8. Предлог – Одлука за купување на патничко моторно возило за потребите на Општина Куманово;
  9. Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2014 година од ставка тековни резерви за ангажирање на противпожарни работници;
  10. Предлог – Одлука за отпис на основни средства (движни ствари)сопственост на Општина Куманово;
  11. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2014 година;
  1. Предлог – Одлука за донесување на  Измена и дополна на ДУП за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од Урбан блок 61, Плански опфат меѓу ул. “Тоде Mендол”,ул.”Ѓуро Ѓаковиќ”, ул. “Доктор Рибар” и ул. “Караорман”`– Општина Куманово;
  2. .Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за делод У.Е. “Бајрам Шабани”, дел од Урбан блок 56, Плански опфат меѓу бул. “Трета МУБ”, ул.”Тоде Мендол”, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ”и ул. “1”– Општина Куманово;
  3. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62, плански опфат меѓу ул. „Војо Карастојанов“, ул. „Тоде Мендол“, ул. „Браќа Филиповиќ“ и ул. „Страшко Симонов“ – Општина Куманово;
  4. Предлог – Одлука за одобрување на иницијатива за изработка на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Бајрам Шабани”,  дел од Урбан блок 56, плански опфат меѓу ул. “Милан Зечар”, ул.”Народна Револуција”и ул. “Бошко Буха”– Општина Куманово;
  5. Предлог – Oдлука за одобрување на иницијатива за изработка на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „Трета МУБ“, дел од УБ 49, плански опфат меѓу ул. „Народна Револуција“, ул. „Власто Радоњанин“ и ул. „Тоде Думба“– Општина Куманово;
  6. Предлог – Одлука за одобрување на иницијатива за изработка на ДУП за дел од УЕ „11-ти Октомври“, дел од УБ 37, плански опфат меѓу ул. „Јоско Илиевски“, ул. „Јоско Илиевски 1“, ул. „Новопланирана 1“ и ул. „Гиго Цветковски“ – Општина Куманово;
  7. Предлог – Одлука за одобрување на иницијатива за изработка на ДУП за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 9, плански опфат меѓу ул. „Ѓуро Пуцар Стари“, граница на УБ 9, ул. „6-ти Април“ и ул. „2010“ – Општина Куманово;
  8. Предлог – Одлука за одобрување на иницијатива за изработка на ДУП за една парцела за КП 25444 за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 59, плански опфат на ул. „Скопска“ – Општина Куманово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП МС–мало стопанство воА1 домување во семејни куќи за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 70, за дел од КП 23224/1во Општина Куманово;
  10. Информација за реализација на Одлуката за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за 2014 година наменети за обезбедување на хуманитарна помош за настраданото население од регионите зафатени со елементарна непогода – поплава, бр. 07 – 3163/3 од 19мај 2014 година.