Екстра Меин ТОП Компанија за 2012 година

Екстра Меин ТОП Компанија за 2012 година


Со вкупно 470 гласа месна индустрија Екстра Меин од Куманово од страна на граѓаните е прогласена за Топ Компанија за 2012 година. На второ место според гласовите е друштво за трговија Мега, а трето рангирана е образовната инситуција Еуро Колеџ.

На топ компанијата за 2012 од страна на Градоначалникот ќе и биде доделена плакета, а за второ и трето место следуваат балгодарници од Општина Куманово.

Свеченото доделување на наградите ќе биде веднаш по Новогодишните и Божиќните празници каде што ќе биде и промовирана брошурата ,,Топ 101 Компанија’’ изработена од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР). На едно место ќе се најдат сите компании кои беа претставени пред граѓаните преку овој каталог. Градоначалникот и локалната самоуправа на сите компании им посакува многу успешна работа и напредок, се со една заедничка цел-развивање на подобра бизнис клима во нашиот град.