Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пуштена во употреба новата детска градинка „Детелинка„

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска беше пуштена во употреба Новата детска Градинка “Детелинка„, сместена во просториите на некогашниот „Дом  на Пионери„ во центарот на градот. Во новата градинка  запишани се шеесет и девет деца во три групи. Општина Куманово во наредниот период ќе изготви проектна документација за реконструкција на целиот објект, а со срестствата од Министертвото за труд и социјална политика ќе се обезбедат пари за негова реконструкција. На отварањето на објектот Присуствуваа министерот за Труд и Социјална Политика Мила Царовска,  Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово Атина Мургашанска, советници, претставници од јавните установи од градот, наставници, родители и ученици. Во своето обраќање на отварањето на новата градинка имаше  Градоначалникот Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст