Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции


Раководител: Горан Митевски

e-mail:[email protected]

Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за меѓународна соработка и на одделението за евроинтеграции, кои се во негов состав.


Одделенија:

– Одделение за меѓународна соработка

Одделението за меѓународна соработка во соработка со Одделението за подршка на Градоначалникот, ги врши работите што се однасуваат на:

Воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината Куманово со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори. Предлага годишна и среднорочна програма за соработка на општината со збратимени општини во странство. Воспоставува соработка со меѓународни организации на локалните заедници. Врши работи што се поврзани со воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори. Организира средби и состаноци со претставници на општини и организации од странство. Презема мерки и активности за зачленување на општината во меѓународни организации на локални власти. Дава мислење во врска со договори за меѓународна соработка и го следи нивното извршување. Ги реализира проектите од областа на соработка на општината со збратимени општини во странствово соработка со другите делови на општинската администрација, – поднесува предлог-проекти за поддршка од странски донатори и кредитори. Го организира учеството на општината на конкурси за финансирање на проекти од страна на странски донатори и кредитори. Учествува во подготовката и евалуацијата на целокупната документација што се поднесува до странските донатори и кредитори. Ја координира активноста на сите делови на општинската администрација околу реализацијата на проектите финансирани од странски донатори и кредитори и врши други работи што ќе му се доверат во согласност со законите и со други прописи и врши други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за евроинтеграции

Одделението за евроинтеграции ги следи активностите поврзани со европските процеси. Обезбедува информации на Општина Куманово за европските политики кои се во тек на дефинирање. Предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на градската администрација согласно со европското законодавство. Учествува и организира тркалезни маси и конференции кои се однесуваат на развојот на локалното законодавство. Помага во ефективно усвојување на европските структурни фондови преку лесен достап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништво. Постојано обезбедува комуникација со институциите кои се занимаваат со европските прашања (Национален совет за евроинтеграции при Собранието на РМ, Секретаријатот за европски прашања-СЕП при Влада на РМ, Европската комисија во РМ и др.). Успешно ги користи и управува со претпристапните фондови на ЕУ со посебен осврт на инструментот за претпристапна помош-ИПА и врши  други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.