Француска делегација во посета на Општина Куманово


Во посета на Општина Куманово беше Советник на претседател на Франција за Западен Балкан господин Кристијан Кастања. Срдечно беше пречекан од Градоначалникот на Општина Куманово Зорана Дамјановски. Средбата се должи на настанатата безбедносна ситуација во градот. Претставниците од двете страни, по разговорот во кабинетот на Градоначалникот, заедно ја посетија и населбата Тоде Мендол, каде минатат недела имаше терористички напади.