Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на општина Чепеларе –Р. Бугарија

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По повод празникот на градот Чепеларе од Република Бугарија, градоначалникот на општина Куманово Маским Димитриевски престојува во дводневна посета на оваа општина. При посетата оствари средба со градоначалникот Г-ѓа Славка Чакјарова, со која разговараа за започнување на соработка помеѓу двете општини во областа на култура и туризмот, како и можност за апликација на заеднички проекти за изградба на стази за планински велосипедизам. Оваа општина под своја надлежност го има еден од најпрестижните ски центри „Пампорово„ на планината Родопи.
Градоначалникот Димитриевски при престојот во Бугарија, посети и две фирми и тоа најголемата фабрика во Европа за производство на скии „Amer Sport-Chepelare„ кои се заинтересирани за потенцијални инвестиции во наша индустриска зона, и „Areksim inzinjering„ од Смолен кои се меѓу поголеми производители на пластични маси во Р.Бугарија.

Врати се на врвот
Големина на фонт