Градоначалникот го отвори лизгалиштето на Кејот

Градоначалникот го отвори лизгалиштето на Кејот


На ледена површина од 600 метри квадратни, синоќа беше пуштено лизгалиштето на Градскиот кеј. Лизгалиштето пред многубројните посетители го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека овој простор дава можност за развивање на спортови на мраз, како и организирање на забави за младите. Оваа година има и 250 нови лизгалки кои ќе се издаваат на посетителите.