Градоначалникот им подари пакетчиња на децата без родители

Градоначалникот им подари пакетчиња на децата без родители


И децата без родители добија пакетчиња од градоначалникот Зоран Дамјановски.На приемот во општината,подароците на на дваесет и пет деца им ги даде Дедо Мраз. Градоначалникот им посака многу здравје и безгрижно детство во Новата година.

– Со овој симболичен гест сакаме да им покажеме на дечињата дека не се осамени, туку има институции кои се грижат за нивниот развој и иднината – рече Зоран Дамјановски.

Во знак на благодарност, дечињата пак на градоначалникот му испејаа новогодишни песнички.