Градоначалникот присуствуваше на одбележувањето на 30 години од настанокот на Европската повелба на локалните власти


На 17 и 18 Септември во Варшава, Полска се организираше прослава по повод 30 години од настанокот на Европската повелба на локални власти. По тој повод на свечениот настан учество зема и делегација од Македонија претставена преку претседателството на ЗЕЛС, претседателот Коце Трајановски и потрептседателите Невзат Бејта и градоначалникот на Општина Куманово – Зоран Дамјановски. Со своето присуство на овој настан делегацијата одаде поччит на еден од најважните докменти за локална самоуправа во Евроап но и пошироко.

Европската повелба за локални власти, која собранието на Република Македонија ја ратификуваше во 1994 година воглавно се однесува на независноста на локалните власти и на правото сами да одлучуваат и посебен дел е посветен и на финансиската независност. Една од одредбите кажува дека секоја децентрализирана надлежност мора да биде пропратена со соодветни финансиски трансфери.

Во посебен дел, повелбата дава осврт и кон односот на локалните власти кон граѓаните, кажувајќи дека локалната власт е најблиска до граѓаните и треба да постои посебна комуникација и негување на меѓусебната доверба.