Градоначалникот упати честитка за Илинден


Почитувани Сограѓани,

Денес Република Македонија одбележува 111 години од Илинденското востание и 70 години од  Првото заседание на АСНОМ. Илинден е  ден кога ги славиме и се потсетуваме на голем број  револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Прославувајќи го 2 Август, Денот на Републиката им упатуваме искрена благодарност на сите херои од сите периоди на нашата историја чии идеализа слобода и рамноправност  ги преточија во стварност. Идеалите и придонесот на нашите херои, нè обврзуваат не само да го чествуваме големиот празник,туку и да ја продолжиме нивната голема мисла и дело.

На  сите жители на Општина Куманово , како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник.

Нека Ви е честит големиот Илинден!