Градоначалникот Зоран Дамјановски на работна посета во Словенија

Градоначалникот Зоран Дамјановски на работна посета во Словенија


Делегација предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски присуствува на Генерално собрание на градови носители на порака на мирот во Словенија.Собранието се одржува во градот Словен Градец , а ќе трае до 28 ноември. На состанокот ќе присуствуваат и градоначалници од стотина земји од светот носители на пораката на мирот. Куманово е единствениот град од државата ко е примен во оваа Светска асоцијација. Предвидено е кумановската делегацијата да остварат повеќе средби со претставниците од партнерските градови.

Градоначалникот заедно со другите градоначалници и учесници на 25-тото Генерално собрание на градови носители на порака за мирот засадија дрвца на мирот сто претставува традиција после секое заседание на конференцијата.