Градоначалникот Зоран Дамјановски со нов мандат подпредседател на ЗЕЛС

Градоначалникот Зоран Дамјановски со нов мандат подпредседател на ЗЕЛС


На четвртото генерално собрание на Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС) одржано на 13 Јули 2011, градоначалникот на општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски беше реизбран за подпреседател на ЗЕЛС заедно со градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити со мандат од две години. За председател на ЗЕЛС повторно беше избран градоначалникот на Скопје г-дин Коце Трајановски.