Градоначалникот Зоран Дамјановски во посета на Истанбул

Градоначалникот Зоран Дамјановски во посета на Истанбул


Градоначалникот Зоран Дамјановски и делегација од Општина Куманово, вчера го посетија Г-динот Göksel Gümüşdağ, втор заменик-претседател на Општинското Собрание на Инстанбул.

Г-динот Göksel Gümüşdağ изјави дека Куманово има посебно место во неговите сеќавања. “Моите родители потекнуваат од Куманово, Македонија но се преселија во Инстанбул во 1959 год.” – изјави тој.

Во разговорот при посетата Г-динот Göksel Gümüşdağ го изрази своето задоволство од посетата на Градоначалникот Зоран Дамјановски и истакна дека луѓето од овие земји имаат длабока историска поврзаност и ова пријателство се продлабочува и зајакнува со тек на времето.

Г-динот Göksel Gümüşdağ рече: “Кога пристигнавме во Македонија, го посетивме Г-динот Дамјановски. Денеска, оваа посета е возвратена од Градоначалникот и неговата делегација. Исто така денеска ќе дискутираме за можната општинска соработка помеѓу Истанбул и Куманово.”

Гостите од Општина Куманово се заблагодарија за укажаното гостопримство при нивната посета на Истанбул. Градоначалникот Дамјановски изјави: “Истанбул го сметаме за важен Европски град, портал кон Европа. Истанбул е многу важно место за нас.”

Средбата која се оддржа во одлична атмосфера и хармонија, заврши со размена на подароци помеѓу претставниците на општините и искрени желби и надеж за понатамошна соработка.