Ифтар на градскиот плоштад


Утре на градскиот плоштад  ќе се одржи бајрамски заеднички ифтар. Во организација на Општина Куманово и  Младински Исламски Форум, неколку години поред се одржува заедничка вечера, која оваа година ќе започне во 20 часот и 13 минути. Ден подоцна ќе биде одбележана манифестацијата Ноќ на Куранот и како и многу културни и забавни активности по повод празникот Рамазан Бајрам. Активностите завршуваат на 27 јули со Бајрамски Концерт на Градскиот плоштад.