Информација за невработени лица


ИНФОРМАЦИЈА  ЗА  НЕВРАБОТЕНИ  ЛИЦА

Во врска со Јавниот Оглас распишан од страна на Општина Куманово на 20.05.2015  заради  пријавување за работно ангажирање во Проектот
,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост ,,

Општина Куманово распиша Јавен Оглас за Општинско корисна работа заради  пријавување за работно ангажирање во Проектот ,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост ,,

 

Број на предвидени вработувања со програмата – 15

Работодавач-Општина Куманово

Општински координатор:   Фросина Трајковска

Телефон :       031 438 633 лок. 20;  076 365 168; 

E-mail адреса:  [email protected]

Веб страна:      www.kumanovo.gov.mk

Проектот  ,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост ,,  ке се реализира во рамки на Програмата Општинско- корисна работа –  2015 која  има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Месечниот надомест ќе изнесува 6.200,00 денари за лице, со вклучени персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување ( ако лицето е корисник на социјална парична помош истата не му се укинува ). Програмата Општинско- корисна работа, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјалната сфера  да им помогне на  лицата кои живеат на територијата на локалната самоуправа.

  1. Целни групи на невработени лица кои можат да се ангажираат во проектот се :

1.1. Роми;

1.2. Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;

 1.3. Родители на деца со пречки во развојот;

Истите треба да се претходнон заведени во АВРМ-ЦВ Куманово на листа на активни

баратели на работа .

  1. Корисници на услугите на овој проект од ранливата категорија на граѓани се две целни групи и тоа :

2.1.Целна група – корисници на двата дневни центри во општината за лица со интелектуална попреченост со над 18 годишна возраст, и

2.2.Целна група – роми и деца роми;

  1. Програмата за ОКР- 2015 на Општина Куманово ,,Образование на роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост ,, се состои од три посебни проектни активности, насочени кон две различни целни групи на корисници, при што секоја од проектните активности има своја/и посебна/и цел/и.

3.1. Првата проектна активност има за цел :

– Подобрување на квалитетот на животот на младите со попреченост ( корисници на двата дневни центри за лица со умерена интелектуална попреченост во општината) :

– ПРЕКУ : Нивно вклучување во процесот на образование за возрасни  и

– ПРЕКУ : Воведување на организирани слободни и забавни активности и содржини и во попладневните и вечерните часови со акцент на летниот период од годината ;

3.2. Втората проектна активност има  за  цел :

– Подобрување на квалитетот на животот на ромите ( деца и возрасни):

– ПРЕКУ:  Враќање на ромските деца во основните училишта ;

– ПРЕКУ :  Упис на ромските деца во основните училишта ;

– ПРЕКУ: Образование за возрасни роми – евидентирање на лица кои немаат завршено

               основно образование ;

– ПРЕКУ : Воведување на изборен предмет – јазик и култура на Ромите ;

– ПРЕКУ: Помош на деца роми со попреченост во ООУ ,,Браќа Миладиновци,, Куманово ;

– ПРЕКУ: Работа со родители на деца роми – Организирање на родителски средби и

               работилници со родителите роми ;

3.3. Третата проектна идеја или активност има за цел :

Развој и унапредување на социјалните услуги од првите две проектни идеи :

  • ПРЕКУ : Креирање на две работни места за двајца асистенти во процесот на координирање и менаџирање на активностите од програмата за ОКР – 2015 ;

 

На огласот можат да се пријават невработени лица- активни баратели на работа од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на РМ и кои, покрај општите услови, треба да ги исполнуваат и посебните  услови наведени за секое работно место.

Работните  места  и  потребните  квалификации за истите, се :

1.Професор по физичко образование или спортски тренер – Секојдневно држење на настава/часови по физичко образование на следните теми : Вежби за правилен физички развој ; Атлетика ; Кошарка ; Фудбал ; Гимнастика ; Танци и ора ; Одбојка  – 2 извршители

 

  • ВСС – ДИФ , или
  • Средно фискултурно училиште
  • Aфинитет за работа со деца и млади со посебни потреби

  1. 2. Професор / Учител за културно уметнички активности – Секојдневно држење на настава/часови по музичко образование на следните теми : Слушање на музика ; Пеење ; Народно музичко творештво ; Музичка писменост – 2 извршители

 

  • Професор по музичко образование, или
  • Најмалку основно образование и искуство во аматерски или други културно уметнички друштва
  • Aфинитет за работа со деца и млади со посебни потреби

 

  1. Учител за животни вештини – Работа по посебна веќе изготвена програма за животни вештини и план за работа – 1 извршител

  • Родител на лице со попреченост ( најмалку ССС )
  • Aфинитет за работа со деца и млади со посебни потреби
     
  1. 4. Учител / ка – Развој на програма и план за работа со лица со попреченост на нивно описменување 2 извршители
  • Професор по одделенска настава или слично – ВСС
  • Aфинитет за работа со деца и млади  со посебни потреби
  1. Дрворезач – Спроведување на обука за оспособување за работа со специјална

      машина за дрворез – 1 извршител

  • Најмлку основно образование
  • Aфинитет за работа со деца и млади  со посебни потреби
     
  1. Ментор за упис на ромски деца во основни училишта – Работа на терен – 1 извршител
  • Најмлку основно образование
  1. Ментор за евидентирање на возрасни лица –роми без основно образование– Работа на терен – 1 извршител
  • Најмлку основно образование
8. Ментор за дистрибуција на согласност на родители за изучување на ромскиот јазик– Работа на терен – 1 извршител

·         Најмлку основно образование

9. Ментор за деца-роми со попреченост– Работа на терен – 1 извршител

·         Најмлку основно образование

10. Ментор за враќање на ромските деца во основните училишта – Работа на терен

        – 1 извршител

·         Најмлку основно образование

 

  1. 11. Асистент на програмата за ОКР – Асистирање на Општинскиот проектен координатор 2 извршители
  • Најмалку средно образование
  • Aфинитет за работа со ранливи категории на граѓани ( роми и лица со попреченост)

Работното ангажирање ќе започне од  01.06.2015 година и  ќе трае до завршување на Проектот.

Сите заинтересирани  кандидати  да се јават во АВРМ-Центар за вработување-Куманово, каде што ќе пополнат Пријава   за учество во програмата за Општинско Корисна Работа и Изјава за согласност од невработеното лице.

Огласот  трае  8 (осум ) дена од  денот на објавувањето (20.05.2015) на огласна табла на Центар  за вработување-Куманово, до 27.05.2015 година  .

Веднаш по завршувањето на рокот за пријавување на Огласот (27.05.2015) Општинската Комисија за следење на проектот – пред да изврши избор , со кандидатите ќе спроведе интервју  .

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени за разгледување.

   Куманово, 20.05.2015                                        

 

                                                                                                                  

                                                                                   Општинска Комисија за следење на проектот