Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат


Раководител: Вера Лазаревска

e-mail:[email protected]

Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност и Одделението за даночна инспекција, инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежност на Општината, кои се во негов состав.


Одделенија:

– Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална  дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност и

Одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност ги врши работите што се однесуваат на: вршење инспекциски надзор и следење на примената   на законските прописи и прописите на Општината во областа на урбанистичко-градежната област, комуналната дејност, врши инспекциски надзор од областа на сообраќајот и патиштата, заштитата на животната средина и природата, угостителско-туристичката и занаетчиската дејност, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за даночна инспекција, инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежност на Општината

Одделението за даночна инспекција и инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежноста на Општината ги врши работите што се однесуваат на: вршење на инспекциски надзор и следење на примената на законските прописи и прописите на Општината во областа на наплатата на локалните даноци, и другите приходи на Општината, вршење инспекциски надзор во основното и средното образование и спорт, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.