Изгласан  буџетот за 2012 година

Изгласан буџетот за 2012 година


27,5 милиони евра ќе изнесува буџетот на општина Куманово за 2012 година. Оваа беше донесено на последната седница на Советот за оваа година. Тоа значи дека буџетот ќе биде повисок за 30 проценти во однос на оваа година .Од него 13,5 милиони евра е оперативна програма, од кои 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на локалната администрација. Според градоначалникот овој буџет е развоен и социјален.