Изгоре елката на градскиот плоштад

Изгоре елката на градскиот плоштад


Елката што беше поставена на градскиот плоштад за време на Новогодишните празници, ја нема.Елката изгорела пола, и морала да се отстрани.На лице место интервенирала противпожарната единица со едно возило и за десетина минути огинот бил изгаснат. Полицијата извршила увид на лице место и се работи на откривање на причините и сторителите на овој немил настан.Традиционално како секоја година така и оваа, општината и гардоначалникот Зоран Дамјановски се задолжени за украсувањето на градот.За таа цел, за прв пат оваа година на плоштадот беше поставен деветметарска елка, која за жал беше уништена.Според наши сознанија има направени механички оштетувања,изгорени кабли и скршени светулки. Исто така уништени се и неколку украси што се наѓале во нејзина близина. Искрено се надеваме дека евентуалните сторители и причините наскоро ќе се откријат, и во иднина ваквите настани нема да се повторат, вели Бисера Благојевиќ потпарол на Општината