Известување за дезинсекција (третирање против крлежи ) во Општина Куманово


На ден 20.08.2015 (четврток)  и 21.08.2015 (петок) , зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите,а со цел спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршениот третман.