Известување за дезинсекција (третирање против крлежи) во Општина Куманово


Од 07.08.2014 до 09.08.2014г, зависно од временските услови,по втор пат оваа година, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите. Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман.