ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на такси возачи


ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на такси возачи вработени во правни лица

лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија за посетување на обука за изучување на англиски јазик

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1.  Предмет на јавниот повик е пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Овој повик не се однесува на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани да вршат такси дејност во Градот Скопје.

1.2. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.

1.3. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови.

1.4. Трошоците за обука за изучување на англиски јазик ќе се обезбедуваат од Буџетот на општините.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија и кои ги исполнуваат следниве услови :

– да не се постари од 62 години

– да се вработени како такси возачи.

2.2. Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА

3.1. Лицата од точка 2 поднесуваат електронска пријава на следната маил адреса: [email protected]

3.2. Електронската пријава е достапна на интернет страниците www.mtc.gov.mk и www.zels.org.mk

Кон пријавата се доставува следнава документација:

– копија од лична карта во скенирана форма

– копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.во скенирана форма

– задолжителнo да се наведе општината во која што врши дејност такси возачот

3.3. Пријавите можe да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Пријава за заинтересира ност