Јавна покана за даноци на имот и комунална таска

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на член 84 и член 86 од Закон за општата управна постапка (Сл.весник на РМ ,бр.145 ),Општина Куманово истакнува:

Ј А В Н А   П О К А Н А

 Општина Куманово ги  информира граѓаните дека согласно законот за даноци на имот Решенијата за данок на имот и комунална такса-фирмарина за 2019 година се дистрибуирани преку Македонска Пошта .

Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои се сопственици на имот што се оданочува,корисници или плодоуживатели на имот,а кои на својата адреса немаат добиено решение за данок на имот или решение за комунална такса-фирмарина за 2019 година се повикуваат да се обратат во просториите на Општина Куманово – Сектор за даноци и такси во најбрз можен рок.

Даночните обврзници(правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува,а кои нема да одговорат на оваа јавна покана ,ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноци на имот.

Општина Куманово апелира до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и комунална такса-фирмарина.

 Со почит,

 Сектор за даноци и такси

Oдделение за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци

 

Врати се на врвот
Големина на фонт