Караванот за климатски промени ја посети Пчиња

Караванот за климатски промени ја посети Пчиња


Мотото на овој караван е „Поплава, суша, студ, да го спасиме мојот труд„.Пред земјоделците од овој крај се обрати Американскиот амбасадор Пол Волерс  и градоначалникот Зоран Дамјановски. Дамјановски истакна дека оваа е еден од најплодните краеви во Македонија, познат по раноградинарското производство и со решавање на виталните проблеми локалната самоуправа директно ќе се вклучи во заложбите за рурален развој, за развој на земјоделството, за посреќен и побогат граѓанин на Куманово и на Пчиња.Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени почна лани во април, и планирано е земјоделците масовно да се вклучат во проектот со примена на нови технологии.