Каталог за 100 најуспешни фирми во градот

Каталог за 100 најуспешни фирми во градот


До крајот на февруари треба да излезе од печат каталог од сто најуспешни фирми во градот. Во него ќе има претставување на најголемите фирми од општината, но и простор за помалите, оние кои допрва ќе се претставуваат на пазарот. Критериумите според кои ќе се рангираат се пред се , фирмите да се произвотствено и извозно ориентирани, да имаат над десет вработени, да остваруваат поголеми приходи и веќе да се препознатливи на пазарот.Овој каталог ќе има за цел промоција на бизнис капацитетите што ги имаат овие фирми како на домашниот, така и на странските пазари. Проектот е финансиран од средствата наменети за Локалниот економски развој.