Започна десеттата ликовна колонија „КАРПИНО„

Започна десеттата ликовна колонија „КАРПИНО„


Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска ги прими уметниците што ќе учествуваат на оваа колонијата. Вкупно седумнаесет уметници од Македонија, Србија и Бугарија во текот на неделата ќе творат во ресторанот Грација.Градоначалникот истакна дка локалната самоуправа дава подршка за одржување на оваа ликовна колонија, бидејќи тоа е еден дел од културната ренесанса на градот.Колонијата ќе трае до 14 Август, а манастирот „Карпино„ учесниците ќе го посетат за викенд.